петок, 4. декември 2020. Вести денес: 93
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ денес со блокада во Скопје и со протест во 20 градови, оставка на Заев веднаш!

home Вести

Состојба до 10 часот: Над 3,5 милиони заразени со коронавирус во светот

Состојба до 10 часот: Над 3,5 милиони заразени со коронавирус во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле 3.578.798 лица. Од нив починале 248.423, а оздравеле 1.158.826 луѓе.

– Германскиот министер за здравство Јенс Шпан изјави дека создавањето вакцина за новиот коронавирус може да трае со години.

– Бројот на заразени во Украина достигна 12.331 лица, вклучително и 418 случаи, регистрирани во последното деноноќие. Новиот коронавирус вчера е откриен кај 26 деца и 62 медицински работници.

– Во северниот дел на островот Кипар веќе 16 дена нема регистрирани нови случаи на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство.

– Властите на Хонг Конг планираат на сите жители да им поделат заштитни маски за повеќекратна употреба, за да се ограничи ширењето на коронавирусот.

– Безбедно растојание на плажите, тестови на влезовите на хотелите, нова организација во рестораните, се само некои од мерките кои Шпанија планира да ги преземе за да ја спаси летата сезона, со оглед н а тоа што туризмот е основен столб на шпанската економија.

– Во Бугарија има 21 нов случај на Ковид-19, од кои 15 се во болница, соопшти на брифинг секретарот на Националниот оперативен штаб Димо Димов. Вкупниот број на заразени во Бугарија изнесува 1.632.

– На меѓународен план, САД, Русија и Велика Британија се трите земји со најмногу новозаразени со коронавирусот, соопшти Димов.

– На Балканскиот полуостров тоа се Турција со 1.670 нови случаи, Романија со 431 и Србија со 102. Како позитивен тренд може да се посочи дека смртните случаи во европските држави подолго време се под 500 за едно деноноќие.

– Во Германија во последните 24 часа регистрирани се 679 новозаразени, со што вкупниот број достигна 163.175, соопшти институтот за инфективни болести „Роберт Кох”. Смртните случаи се зголемиле за 43 на вкупно 6.692.

– Во Бразил за 24 часа регистрирани се 4.588 новозаразени, а починале уште 275 луѓе, соопшти Министерството за здравство. Вкупниот број на потврдени случаи во Бразил изнесува 101.147, а починале 7.025 лица.

– Нов Зеланд за првпат од 11 март нема нов случај на коронавирус во последните 24 часа.

Коронавирус