сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 33
home Вести

СОСЕМА РАЗЛИЧЕН ПРИСТАП: Како Обама, а како Трамп ѝ се обрати на јавноста по смртта на баран терорист (ВИДЕО)

СОСЕМА РАЗЛИЧЕН ПРИСТАП: Како Обама, а како Трамп ѝ се обрати на јавноста по смртта на баран терорист (ВИДЕО)
US President Barack Obama(R)welcomes President-elect Donald Trump to the White House in Washington, DC January 20, 2017., Image: 312052163, License: Rights-managed, Restrictions: ALTERNATIVE CROP, Model Release: no, Credit line: JIM WATSON / AFP / Profimedia

Популарниот американски водител Џими Кимел, во негов препознатлив стил, ги спореди говорите на поранешниот претседател Барак Обама и сегашниот лидер на САД Доналд Трамп од моментите кога беше убиен Осама бин Ладен, односно лидерот на Исламска држава, Абу Бакр ал-Багдади.

Кимел посочи дека Обама зборувал „само“ девет и пол минути, додека Трамп за овој настан одвоил 48 минути, а во видео-компилацијата тој директно ги спореди двата говори на лидерите, кои се со очигледно различен стил.

Додека Обама со мирен и сериозен тон ја информира јавноста за убиството на Бин Ладен, дава конкретни информации, користи формален говор и сериозно ја опишува акцијата на американските сили, стил на Трамп е видно различен.

Пред се, Трамп на карактеристичен начин го изговара името на ал-Багдади, вели дека војската „безрезервно пукала и правела многу експозии“ и дека не влегла низ предната врата како „нормалните луѓе“, како и дека лидерот на ИД „загинал како куче“.

И додека Обама се заблагодари на своите трупи за напорот кој го вложиле во оваа акција, Трамп кажа дека „не добил никакви заслуги за убиството на Багдади“.

Крајот на обраќањето Барак Обама го користи за карактеристичното „благословување“ на жителите и земјата САД, Доналд Трамп вели дека пишува кинга, како и дека неговите претходни книги имале огомен успех.

Коронавирус