четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 145
home Вести

Сопственикот на Гугл со рекордна заработка

Сопственикот на Гугл со рекордна заработка

Нето добивката на Алфабет, матичната компанија на Гугл, порасна во првиот квартал благодарение на растот на приходи од продажба на реклами на Гугл и Јутјуб.

Нето добивката на Алфабет е зголемена за 73 отсто на 9,4 милијарди долари, или 13,33 долари по акција, со што се надминати очекувањата на Волстрит од 9,21 долар по акција, пренесува агенцијата АП.

Во истиот период приходите на компанијата достигнаа 31,15 милијарди долари.

Меѓутоа, долгорочните капитални трошоци на оваа технолошка компанија речиси се три пати поголеми, на 2,5 на 7,3 милијарди долари од истиот период лани.

Од почетокот на оваа година, акциите на Алфабет пораснаа за 2.0 отсто.

Коронавирус