среда, 30. септември 2020. Вести денес: 155
home Вести

Сопругата на израелскиот премиер осомничена дека примала мито

Сопругата на израелскиот премиер осомничена дека примала мито

Висок полициски функционер го известил судот во Тел Авив дека сопругата на израелскиот премиер Сара Нетанјаху е осомничена за примање мито, пренесува Танјуг.

Со случајот наречен „4.000“, се сомничи дека премиерот Бенјамин Нетанјаху наредил посебен третман за телекомуникацискиот гигант Безек во замена за поволно известување за неговото семејство на информативниот сајт Вала, кој припаѓа на Безек.

Постои сомневање дека соработниците на Нетанјаху промовирале прописи кои на Безак му донеле милиони долари. Во јуни израелските медиуми известуваат дека се очекува државниот обвинител Авихај Манделбит да покрене обвинение против Нетанјаху за примање мито. Покрај тоа, тие известуваа дека Сара Нетанјаху наводно вршела притисок за премиерот да се известува што попозитивно и оти и се заканувало при негативни написи.

Сопругата на Нетанјаху веќе е обвинета во друг случај дека проневерила десетици илјади долари бидејќи јадела во елитни ресторани иако во резиденцијата на премиерот има вработен готвач.

Адвокатите на Сара Нетанјаху, по наводите дека е осомничена за примање мито ги негираа обвинувањата.

-Што е ново во тоа ново апсурдно сомнение? Дека полицијата кажала што направиле. Тоа е целосно погрешно, се наведува во соопштението од нејзиниот правен тим.

Нетанјаху цело време негира дека направил нешто лошо и оти станува збор за медиумски „лов на вештерки“ против него и неговото семејство.

(Миа)

Коронавирус