вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 59
home Вести

Сопругата на Ел Чапо осудена на три години затвор

Сопругата на Ел Чапо осудена на три години затвор

Американскиот суд ја осуди Еми Коронел Аиспуро, сопруга на мексиканскиот нарко бос Хоакин Ел Чапо Гузман, на три години затвор, откако таа се изјасни за виновна за помагање на нарко картелот Синалоа.

Пред да биде изречена пресудата пред федералниот суд во Вашингтон, Аиспуро (32) побара од американскиот окружен судија Рудолф Контрерас да покаже милост.

-Со сета должна почит, ви се обраќам денеска за да го изразам моето вистинско жалење за каква било штета што можеби сум ја направила, и ве замолувам вас и сите граѓани на оваа земја да ми простите, рече таа. Обвинителите бараа затворска казна од четири години.

Коронавирус