петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 40
home Вести

Сопругата на Џастин Трудо позитивна на коронавирусот

Сопругата на Џастин Трудо позитивна на коронавирусот

Сопругата на канадскиот премиер, Џастин Трудо, Софи Грегоар е позитивна на корона вирус, соопшти денеска канцеларијата на Трудо, еден ден откако тој одлучи да оди во самоизолација.

Сопругата на канадскиот премиер, Џастин Трудо, Софи Грегоар е позитивна на корона вирус, соопшти денеска канцеларијата на Трудо, еден ден откако тој одлучи да оди во самоизолација.

Софи Трудо почувствувала симптоми на болеста по враќањето од Лондон и се тесирала, а премиерот одлучи сите должности да ги обавува од дома.

-Премиерот е во добро здравје и нема симптоми. Тој ќе остане дома заради претпазливост и по совет на лекарите ќе биде во самоизолација 14 дена, се наведува во соопштението.

Трудо засега нема биде тестиран бидејќи нема симптоми и поради тоа лекарите сметаат дека нема ризик ниту за оние кои биле во контакт со него. Неговата сопруга се заблагодарила до оние кои ја поддржале.

-Иако имам непријатни симптоми на вирусот, наскоро ќе бидам повторно на нозе. Тоа што сум во карантин дома не е ништо во споредба со останатите канадски семејства кои минуваат низ ова и со оние кои се соочуваат со сериозни здравствени проблеми, напиша Трудо.

Двојката има три деца, а засега само првата дама на Канада има симптоми на корона вирус.

Коронавирус