сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 76
home Вести

Сообраќаен колапс во Париз поради пожар

Сообраќаен колапс во Париз поради пожар

Поради голем пожар евакуирана е железничката станица Монпарнас во Париз.

Пожарот, кој вчера изби покрај седиштето на Мајкрософт во Франција, во целост го блокира сообраќајот во тој дел на Париз, евакуирани се 2.500 луѓе, а без струја останаа повеќе од 16.000 домаќинства, соопштија градските служби.

Повеќе од 100.000 патници не пристигнале на нивните дестинации поради пожарот, кој најверојатно избувнал поради дефект на електричните инсталации. На патниците им е советувано да ги одложат патувањата или да ги вратат билетите.

Некои возови веќе тргнаа од станицата Монпарнас во попладневните часови, со тричасовно задоцнување, додека некои беа префрлени на други линии.

МИА

Коронавирус