четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 168
home Вести

Сомнителен пакет испратен и за Џо Бајден

Сомнителен пакет испратен и за Џо Бајден

Пакет наменет за поранешниот американски потпретседател Џо Бајден, сличен на експлозивните пакети кои се испратени до истакнати демократи, е откриен денеска во поштенски објект во Далавер, изјави полициски претставник.

Федералното истражно биро (ФБИ) ја потврди полициската активност во Њу Касл во Делавер.

Во меѓувреме, њујоршката полиција откри сомнителен пакет испратен на глумецот Роберт де Ниро.

Во изминатите неколку денови во САД се откриени повеќе пакети со импровизирани експлозивни направи, наполнети со парчиња стакло.

Пакетите, меѓу останатите, биле наменети за поранешниот претседател Барак Обама, поранешната претседателска кандидатка Хилари Клинтон, како и за телевизиската куќа Си Ен Ен.

Засега ниту една бомба не експлодира и нема повредени. (МИА)

Коронавирус