вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 138
home Вести

„Солидарност“ застана зад кандидатурата на Анджеј Дуда за изборите во Полска во недела

„Солидарност“ застана зад кандидатурата на Анджеј Дуда за изборите во Полска во недела

Полскиот претседател Анджеј Дуда, кој се кандидира за реизбор на функцијата, денеска ја доби поддршката на синдикатот „Солидарност“, што е пријателски настроен кон полската Влада.

Изборите, што ќе се оддржат само преку гласање по пошта, се закажани за недела, но организацијата на овој процес наидува на безброј правни, уставни, технички и безбедносни пречки.

Владаечката десничарска партија на „Правото и правдата“ (ПиС) со недели наназад е под силен притисок да го отложи гласањето заради пандемијата, со повиците за забавување, што доаѓаат од либералната опозиција, здравствените работници, поголем дел од јавноста, па дури и од одредени владини сојузници.

Засега ПиС упорно го одбива барањето, а аналиточарите тврдат дека аргументите за тоа се дека нивниот сојузник Дуда има подобри шанси да победи порано отколку подоцна, иако оддржувањето на гласањето во недела се чини станува се понеостварливо.

Дуда и синдикатот „Солидарност“, што има неколку стотици илјади членови, и е близок до ПиС, денеска договорија платформа, која вклучува ветување за доделување финансиска помош на оние кои ќе ја загубат својата работа поради пандемијата.

Во последните пет години „секогаш сме биле во состојба да сметаме на претседателот во тешките ситуации”, изјави лидерот на „Солидарност”, Пјотр Дуда, кој не е во роднинска врска со претседателот.

Лидерот на „Солидарност“, исто така, потсети дека главниот соперник на актуелниот претседател – Владислав Косињак-Камиш, кој е шеф на конзервативната партија на земјоделците – во 2012 година одигра важна улога во зголемувањето на возраста за пензионирање – до 67 години за сите.

Откако во 2015 година ПиС дојде на власт, по две години, во 2017 година, возраста за пензионирање ја намали до 60 години за жените и 65 за мажите.

Коронавирус