среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 77
home Вести

Сојлу: Анкара нема да се откаже од барањето за екстрадиција на Фетулах Ѓулен од САД

Сојлу: Анкара нема да се откаже од барањето за екстрадиција на Фетулах Ѓулен од САД

Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека Анкара нема да се откаже од своите барања за екстрадиција на имамот Фетулах Ѓулен.

-Имаме имот во САД и тое е ФЕТО. Ние нема да го оставиме таму, ние ќе си го земеме, напиша Сајлу на Твитер по санкциите на Вашингтон против него и турскиот министер за правда. Со санкциите ним им се блокира секој имот и средства во САД.

Според турските власти, т.н. Фетулистичка терористичка организација (ФЕТО) стои зад обидот за преврат во Турција во јули 2016 година, а нејзин лидер е Ѓулен.

САД најавија вчера дека воведуваат санкции против министрите за правда и за внатрешни работи на Турција – Абдулхамит Ѓул и Сулејман Сојлу, поради случајот со американскиот свештеник Ендрју Бренсон. Тој е во куќен притвор во Турција, додека му се суди за врски со т.н. ФЕТО и Курдската работничка партија. (МИА)

Коронавирус