сабота, 8. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Социјалистите во ЕП настојуваат Закерберг да сведочи пред Европскиот парламент

Оттаму бараат Закерберг да објасни точно што се случило, како  влијае тоа на Европејците и што е направено таквите злоупотреби да не се повторат.
Социјалистите во ЕП настојуваат Закерберг да сведочи пред Европскиот парламент

Групата на социјалистите и демократите во Европскиот парламент денеска го повика извршниот директор на Фејсбук, Марк Закерберг да биде сослушан на седница на парламентарната Комисија за граѓански  слободи, правосудство и внатрешни работи во Стразбур следната недела.

Групата, исто така, го повика на вонредна дискусија за проблемот со злоупотребата на личните податоци на Фејсбук на пленарната сесија на ЕП.

-Исклучително е важно европските граѓани да разберат како нивните податоци се користат, се посочува во соопштението на групата.

Оттаму бараат Закерберг да објасни точно што се случило, како  влијае тоа на Европејците и што е направено таквите злоупотреби да не се повторат.

Со писмо до Европската комисија, Фејсбук минатата недела потврди дека  2,7 милиони корисници од ЕУ биле погодени со злоупотребата на личните податоци во случајот со „Кембриџ аналитика“.

ЕК го дефинира случајот како неприфатлива злоупотреба.

– Заштитата на приватноста е европска вредност, која не подлежи на преговори, истакна комесарката на ЕУ за дигитализација Марија Габриел.

Коронавирус