понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 54
home Вести

Соборени дронови со експлозив на лет кон Саудиска Арабија

Соборени дронови со експлозив на лет кон Саудиска Арабија

Саудиската државна новинска агенција „Сауди прес“ јави дека коалицијата во Јемен детектира и уништи две беспилотни летала со експлозив лансирани од јеменските бунтовници Хути кон цели во Саудиска Арабија.

Хутите се уште не ги коментирале наводите на „Сауди прес“.

Војната во Јемен помеѓу бунтовниците Хути, поддржани од Иран и провладините сили ескалираше во март 2015 година, кога воена коалиција предводена од Саудиска Арабија интервенираше против бунтовниците, кои контролираат поголем дел од Јемен, вклучително и главниот град Сана. Во судирите убиени се десетици илјади луѓе, приближно четири милиони лица се раселени, а 80 проценти од 29-милионското население е зависно од хуманитарната помош.

Коронавирус