среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 124
home Вести

Со успешна вакцина Британија до лето ќе се врати во нормала

Со успешна вакцина Британија до лето ќе се врати во нормала

Доколку вакцината против Ковид-19 е успешна и биде во употреба на почетокот на 2021 година, животот во Велика Британија до следното лето би можел да се врати во нормалните текови што постоеја пред воведувањето на мерките за карантин.

Ова денеска го изјави британскиот министер за здравство Мет Хенкок.

Тој прецизира дека, ако сè оди според очекувањата, најзагрозените слоеви на населението треба да се вакцинираат веќе на крајот на оваа година, и оти во тој случај масовната вакцинација треба да почне на почетокот на следната година.

Коронавирус