вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 192
Во живо

Вонредна пресконференција на ВМРО-ДПМНЕ: Објава на нови шокантни детали од злоупотребата на институциите со цел притисок врз граѓаните да гласаат за СДСМ

home Вести

Со приватен авион од Турција во Париз пристигнале деветмина Курди, кои веднаш побарале азил

Со приватен авион од Турција во Париз пристигнале деветмина Курди, кои веднаш побарале азил

Девет лица без документи, кои со приватен авион допатувале од Турција во неделата биле уапсени на аеродромот Орли во Париз, по што веднаш побарале азил, денеска објавија повеќе француски медиуми, повикувајќи се на извор на аеродромот.

Патниците во Париз пристигнале со авион на австриска компанија, соопштил изворот, додавајќи дека обвинителството во Кретеј отворило истрага, јави дописникот на МИА.

Илегалците од Турција морале да платат 30.000 евра за летот.

Според Кодексот за влез и престој на странци и право на азил (Цезеда), компанијата за авио-транспорт се казнува со парична казна од максимален износ од 10.000 евра, кога ќе се симне на француска територија, а не носи државјанин на држава од Европската унија и притоа е без патна исправа или виза, што се бара со закон или меѓународниот договор.

-Деветте лица тврдат дека се ирачки Курди и поднесоа барање за азил веднаш по нивното пристигнување, рече Лоре Палун, директор на Анафе (Национално здружение на гранична помош за странци), која следеше неколку од нив за време на нивното сместување во зона на чекање, каде што вообичаено ги држи граничната полиција.

Меѓу нив имаше и брачна двојка и една бремена жена, придружувана од 17-годишна малолетничка, која тврдеше дека ја напуштила својата земја и која имала разговор во средата со Офпра (Француска канцеларија за заштита на бегалци и лица без државјанство), која одчучува статусот бегалец. Во четвртокот во зоната на чекање останаа само две од деветте лица, додава Лоре Палун, „што сугерира дека другите седум се примени на територијата за азил“.

Ова е првпат мигранти да пристигнат во Франција со приватен авион, изјави Дидие Лески, директор на Француската канцеларија за имиграција и интеграција (ОФИИ). Потегот, меѓутоа, не го изненадува, имајќи го предвид забавувањето на миграциските текови и ограничувањето на воздушниот транспорт поради пандемијата, што предизвика затворање на надворешните граници на Европската унија. (МИА)

Локални избори 2021