сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 2
home Вести

Со коронавирус во светот досега се заразени 7.143.501 лица, од нив починале 407.352

Со коронавирус во светот досега се заразени 7.143.501 лица, од нив починале 407.352

Според последните податоци, во светот со коронавирусот досега се заразени 7.143.501 лица. Од нив починале 407.352, а оздравеле 3.484.718 луѓе.

Лондон – Во последните 24 часа во од Ковид-19 во Велика Британија умреле  55 лица, што е најмалиот дневен скор откако во март владата воведе мерки за затворање. Вкупниот број на умрени , според податоците на владата, се зголеми на 40.597, пренесуваат британските медиуми.

Белград  – Во последните 24 часа во САрбија се тестирани 4.308 лица, од кои 73 биле позитивни. Од почетокот на епидемијата се заразени вкупно 11.896 луѓе во Србија.

Атина- Од четвртокот до денеска има 97 нови случаи на Ковид-19 во Грција, од кои 30 се лица кои во земјата допатувале  од странство, а 29 се во рамките на масовното тестирање во  поширокиот регион на градот Ксанти. Во овој период има и двајца умрени.

Тирана – Во последното денонбоќие извршени се 102 теста, а 17 лица се позитивни за Ковид-19, од кои тројца се здравствени работници. Истовремено заздрвени се седум лица или вкупно 945 излекувани од вкупно досега регистрираните 1.263 зарзени лица. Во битката со болеста досега животот го загубија 34 пациенти, кои, исто така, страдале од други болести.

Ларнака– Кипарското Министерство за здравство објави шест нови случаи на Ковид-19 од 799 тестови извршени во изминатите 24 часа. Вкупниот број на заразени со новиот коронавирус се зголеми на 970 лица.

Загреб  – Според најновите податоци за епидемиолошката состојба во Хрватска, денеска нема појава на новозаразени со вирусот, така што вкупниот број остана непроменет – 2.257. Досега се тестирани 68.866 лица, од кои 126 во последните 24 часа. Вкупниот број на заразени е 2.128, а вкупниот број на умрени е 104, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.

Приштина– Бројот на активни заразени со Ковид-19 на Косово се зголеми на 313, откако во изминатите два дена вкупно 76 лица излегоа позитини на тестирањата за новиот коронавирус, додека 14 лица беа излекувани во истиот период. Од избувнувањето, заразени се 1.234 луѓе, излечени се 890, а 31 умреа.

Коронавирус