недела, 16. јуни 2019. Вести денес: 74
home Вести

Со ХИВ заразени стотици деца

Со ХИВ заразени стотици деца

Во пакистанскиот град Рато Деро неодамна е утврдено дека неколку стотици деца се заразени со ХИВ вирусот, но се уште не е познато како дошло до тоа.

Како што пренесува Би-Би-Си, првиот знак дека нешто не е во ред со децата се појавил во февруари годинава кога родителите масовно ги носеле на лекар затоа што децата постојано имале треска.

По анализа на крвта е утврдено дека децата се заразени со ХИВ вирусот, но никој не можел да каже како.

-До 24 април 15 деца биле позитивни на вирусот, иако никој од родителите не е носител на вирусот, изјавил доктор од болницата.

Докторката Фатима Мир смета дека децата можеле да се заразат на начини – преку мајчиното млеко, трансфузија или заразени хируршки инструменти или игли.

Според неа, со оглед на тоа што во повеќето случаи мајката била негативна, имало малку трансфузии, единствено објаснување останува користење заразени игли во локалните клиники.

До сега во тоа место од 25 април се тестирани 18.418 лица, и до сега се покажало дека најмалку 607 се заразени, од кои три четвртини деца се на возраст од еден месец до 15 години.

Во тек е истрага за целиот случај.