четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 8
home Вести

Со цел спречување и ефикасна реакција: СЗО во Берлин формира центар за одговор на пандемии

Со цел спречување и ефикасна реакција: СЗО во Берлин формира центар за одговор на пандемии

Светската здравствена организација (СЗО), заедно со германските власти, во Берлин ќе формираат центар за анализа на податоци за пандемии и епидемии со цел спречување и ефикасна реакција, се наведува во соопштението од седиштето на СЗО во Женева.

„СЗО и Германија ќе формираат нов глобален центар за податоци за пандемии и епидемии, надзор и аналитички иновации“, се вели во соопштението.

Центарот со седиште во Берлин „ќе соработува со партнери од целиот свет“. Ќе ги анализира информациите за да „предвиди, спречи и идентификува ризици од пандемии и епидемии во светот, како и да се подготви за нив и да изгради адекватен одговор“. (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија