четврток, 15. ноември 2018. Вести денес: 103
home Вести

Со балон против градоначалникот на Лондон

Со балон против градоначалникот на Лондон

Балон со ликот на градоначалникот на Лондон, Садик Кан во жолти бикини денеска е пуштен над Вестминистер.

Кампањата со балонот ја покрена активистот Јени Брир, како одговор на најавата на Кан дека во метрото ќе забрани провокативни реклами, како таа на која позира манакенка во жолто бикини, прашувајќи „Дали вашето тело е подготвено за на плажа“.

Брир за балонот собра околу 70.000 евра за балонот на интернет-страницата „Краудфанд“. Тој додаде дека останатите пари ќе бидат искористени за смена на Кан од градоначалничката функција и за одбрана на слобода на говорот.

– Под Садик Кан видовме неверојатен пораст на криминалот. Луѓето во Лондон не се чувствуваат безбедно и не се безбедни, 81 убиство само оваа година! Кан оди си, истакна Брир.