вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Снимка од нападот во кој беше убиено едно лице и ранети 14- напаѓачот се самоуби (ВИДЕО)

Снимка од нападот во кој беше убиено едно лице и ранети 14- напаѓачот се самоуби (ВИДЕО)

Едно лице беше убиено, а 14 беа ранети во вооружениот напад на улиците од Торонто, во кој напаѓачот на крајот се самоуби, објави полицијата после трагичниот инцидент во најголемиот канадски град кој се случи во неделата вечерта по локално време.

14 лица беа ранети, а една жена беше убиена кога напаѓачот отвори оган од пиштол во квартот од Торонто полн со кафулиња и ресторани.

Една од ранетите, млада девојка, се наоѓа во критична животна состојба, изјави шефот на полицијата Марк Саундерс. на интернет е објавена и снимка од почетокот на нападот, кога напаѓачот почна да пука на улица.