понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 90
home Вести

Снимка од авион го покажува сиот пекол во Австралија која гори (ВИДЕО)

Снимка од авион го покажува сиот пекол во Австралија која гори (ВИДЕО)

Австралиските воздухопловни сили објавија снимка од авион кој помагал при евакуацијата од местата опколени од пожарот за време на викендот.

Повеќе авиони поради чадот не можеле да се пробијат до пистата за да слетаат, објавено е на Твитер.

Како тоа изгледало се гледа на снимката на правена од кокпитот на авионот. Од авионот се гледа само црвен, осветлен од оганот воздух измешан со чад. Видливоста е никаква, ништо друго не се гледа.

Снимката е направена во близина на Малакута и Меримбјула.

Австралиските пожарникари и денес водат битка со пожарите кои го пустошат југоистокот на земјата, обидувајќи се да ги искористат нешто поповолните временски услови и дождот пред новиот топлотен бран најавен за втората половина на неделата.

Изнемоштените пожарникари ги зацрвстуваат првите линии на одбраната, ја расчистуваат вегетацијата и палат контролирани пожари пред порастот на температурата засилувањето на ветриштата кои се очекуваат во петок.

Командантот на пожарникарската служба на Нов Јужен Велс Шејн Фицсимонс вели дека моменталните услови се „многу поповолни“, но предупредува дека враќање на жешките денови се очекува на крајот на неделата.

Десетици пожари на истокот на земјата и понатаму не се под контрола и се стравува дека два големи пожари во Нов Јужен Велс би можеле да се спојат во несопирлива огнена стихија.

Коронавирус