понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Снежно невреме во САД: Загинаа најмалку 3 лица, а стотици илјади се без струја

Снежно невреме во САД: Загинаа најмалку 3 лица, а стотици илјади се без струја

Најмалку три лица загинаа, а илјадници домаќинства денеска немаат електрична енергија во Северна, Јужна Каролина и Вирџинија, откако во делови од југоисточна Америка паднаа повеќе од 60 сантиметри снег.

Откако вчера без струја останаа 220.000 луѓе, ова утро електрична енергија немаат уште повеќе од 76.000.

Предупредувањата за лошото време остануваат во сила. Метеоролозите прогнозираат опасни голомразици во наредните два дена. Поради замрзнатите патишта, многу училишта во Џорџија, Северна Каролина и Вирџинија останаа затворени или почнаа да работат со задоцнување. Со задоцнување почнаа со работа и неколку државни институции.

Нема податоци за состојбата во воздушниот сообраќај.

Коронавирус