сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Снежна бура предизвика хаос: Се судрија повеќе од 100 возила, патници беа заробени во автомобилите

Снежна бура предизвика хаос: Се судрија повеќе од 100 возила, патници беа заробени во автомобилите

Американската држава Колорадо во САД е зафатена од снежна бура во која се предизвикани и неколку верижни судири на автопатот I-25.

Снежниот циклон кој минатата недела ја погоди Колорадо предизвика замрзнување на патиштата и намалена видливост, па возачите се принудени да ја прилагодат брзината на движење. И покрај тоа, се случија неколку верижни судири.

Локалните пожарникари на Facebook објавија спасување на патници заробени во нивните автомобили по судирот, а во неколку сообраќајни незгоди учествуваа повеќе од стотина возила, камиони и патнички автомобили.

Два беа најтешки верижни судири во кои учествуваа 30, односно 40 возила. Од оштетените возила се извлечени голем број повредени, но за среќа нема загинати.