четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 213
home Вести

Смрзнатата плоча на Гренланд забрзано се топи

Смрзнатата плоча на Гренланд забрзано се топи

Гренладнската ледена плоча минатата година се намалила најмногу од периодот кога во 1948 година почнаа да се бележат податоците за неа, покажуваат најновите истражувања.

Лондонски „Индипендент“ пренесува дека истражувачите откриле дека големиот пад на површинската маса го предизвикале не само високите температури на воздухот, туку и одредени атмосферски услови кои станале зачестени заради климатските промени.

„Со децении го уништуваме мразот што настанувал со илјадници години“, изјави раководителот на истражувањето Марко Тедеско, истражувач во опсерваторијата Ламонт-Доерти на Универзитетот Колумбија во Њујорк.

Ледената плоча на Гренланд, втора по големина во светот, покрива 80 отсто од островот. Минатата година загуби приближно 600 милијарди тони вода, што придонесе за раст на глобалното ниво на морињата за околу 1,5 милиметар, се наведува во истражувањето објавено во магазинот „Криосфера“.

Локални избори 2021