недела, 20. септември 2020. Вести денес: 93
home Вести

„СМРТОНОСЕН ДЕКЕМВРИ“ – Американските експерти со страшни предвидувања развојот на пандемијата

„СМРТОНОСЕН ДЕКЕМВРИ“ – Американските експерти со страшни предвидувања развојот на пандемијата

Институтот за проценки и здравство (IHME) при Универзитетот во Вашингтон предупредува дека декември може да биде смртоносен месец во кој би се регистрирале секој ден по 30.000 жртви од коронавирус во северната хемисфера.

Во студијата се вели дека доколку сè оди како досега, смртните случаи во целиот свет ќе достигнат до 1,9 милиони во декември 2020 година. Ова значи дека, според IHME, во идните месеци ќе се удвои сегашниот биланс. со што вкупниот број на жртви би достигнал 2,8 милиони.
Според IHME, скоро 770.000 животи ширум светот би можеле да бидат спасени од сега до 1 јануари ако се почитуваат анти-ковид мерките. Околу 27 милиони луѓе се заразени низ целиот свет, додека бројот на починати е над 880 илјади луѓе.

Коронавирус