понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 179
home Вести

Смртна казна за напаѓачот во синагогата?

Смртна казна за напаѓачот во синагогата?

Јавниот обвинител на САД, Џеф Сешнс, најави дека против напаѓачот што во синагогата уби 11 лица ќе биде покренато обвинение за злосторство од омраза и за други злосторства. Овие обвиненија би можеле да доведат до смртна казна.

„За омразата и насилството на верска основа нема место во нашето општество“, рече Сешнс, пренесе Ројтерс.

Тој додаде дека овие наводни злосторства се за осуда и се во спротивност со вредностите на американската нација. Напаѓачот Роберт Бауерс (46) вчера влезе во синагога и отвори оган врескајќи „Сите Евреи мора да умрат“.

Во времето на нападот во синагогата имало околу 100 луѓе. Меѓу повредените има и полицајци.

Коронавирус