четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 182
home Вести

Смртна казна за 16 лица , кои запалија студентка (ВИДЕО)

Смртна казна за 16 лица , кои запалија студентка (ВИДЕО)

Судот во Бангладеш осуди 16 лица на смртна казна , поради смртта на 19- годишната студентка Нусрат Џахан Рафи , која ја запалија .

Студентката беше запалена зашто ги обвинила наставниците за сексуално вознемирување. Девојката почина во април во болницата во градот Фени на 160 километри од главниот град Дака.

Колегите студенти ја испрскале Нусрат со керозин и ја запалиле во училиштето ,затоа што таа пријавила кај директорот на училиштето пред помалку од две недели сексуално вознемирување.

Таа починала пет дена по нападот, а нејзината приказна го привлече светското внимание кон ранливоста на жртвите на сексуално вознемирување во таа конзервативна земја.

Нусрат студирала во медреса, или исламски колеџ. На 27 март, таа го пријавила во полиција директорот на училиштето. Рекла дека ја повикал во канцеларијата и ја допирал несоодветно и дека успеала да избега пред да се случи посериозна злоупотреба.

Кога ја пријавила злоупотребата во локалната полиција, таа не добила заштита, само полицаецот ја снимил нејзината изјава со мобилен телефон.

Видеото, кое подоцна излезе на виделина, ја прикажува Нусрат во полициската станица видно вознемирена обидувајќи се да го скрие лицето со рацете додека полицаецот и  кажува дека обвинението „не е голема работа“ и дека треба да ги тргне рацете од лицето.

Многу девојки во Бангладеш ги чуваат во тајност своите искуства за сексуално вознемирување или злоупотреба заради страв дека ќе бидат осудени од општеството или нивните семејства. Но, Нусрат Џахан не само што зборуваше за злоупотребата, туку, со поддршка на нејзиното семејство, отиде во полиција да го пријави она што се случило.

Полицијата го уапси директорот истиот ден, но тој наскоро доби поддршка од јавноста. Група луѓе почнаа да се собираат на улиците барајќи директорот да биде ослободен од притвор.

Протестот беше организиран од двајца студенти и наводно од локалните политичари.

Наскоро селаните почнаа да ја обвинуваат Нусрат и нејзиното семејство започна да се грижи за нејзината безбедност.

Нусрат реши на 6-ти април, 11 дена по наводниот сексуален напад, да оди на училиште за да полага испит.

„Се обидов да одам на училиште со сестра ми, но тие ме запреа и ми забранија да влезам“, рече братот на Нусрат, Махмудул Хасан Номан.

Нусрат, пред нејзината смрт, раскажа што се случило. Според нејзината изјава, ученичка од училиштето ја повикала на покривот на зградата под изговор дека еден од нивните соученици бил претепан. Кога Нусрат пристигнала на покривот, четири или пет лица облечени во бурки ја дочекале. Тие наводно се обиделе да ја принудат да ја повлече тужбата против директорот. Кога таа одбила, тие ја испрскале со керозин и ја запалиле.

Раководителот на истражната канцеларија, Банај Кумар Мајумдер, изјави дека убијците „сакале нападот да изгледа како самоубиство“, но планот не им успеал затоа што Нусрат преживеа доволно долго за да може да даде изјава и да каже што се случило.

По нападот, таа била пренесена во локалната болница, каде лекарите утврдиле дека со изгорениците се опфатени 80% од нејзиното тело. Во возилото на брза помош, плашејќи се дека нема да преживее, Нусрат ја снимила својата изјава со мобилниот телефон на нејзиниот брат.

„Директорот ме допираше. Јас ќе се борам против овој злосторство до последниот здив“, се слуша на снимката.

Нусрат идентификуваше и некои нејзини напаѓачи кои беа студенти во истата медреса. Таа почина во болницата пет дена по нападот.

Набргу потоа полицијата уапси 16 лица, од кои седуммина, наводно, биле вмешани во убиството. Меѓу уапсените имало и двајца машки студенти кои организирале протест за поддршка на директорот.

Коронавирус