понеделник, 1. март 2021. Вести денес: 191
home Вести

Смеете ли да пиете алкохол кога ќе се вакцинирате против ковид-19?

Смеете ли да пиете алкохол кога ќе се вакцинирате против ковид-19?

Откако во Русија се појави информацијата дека луѓето кои ја примаат вакцината „Спутник 5“ не треба да пијат алкохол скоро два месеца, многумина во Србија се прашуваат дали да ја остават ракијата додека трае имунизацијата, пишува Би-Би-Си.

– Мене никој не ми спомна такво нешто кога ја примив вакцината. Единствено што ми рекоа е истиот тој ден да не кревам нешто тешко, да немам физички напор и да се одморам – вели Александар Лападучовиќ од Зајечар.

Сепак, мислењата на лекарите по ова прашање се поделени. Некои сметаат дека алкохолот е забранет во текот на вакцинацијата, а други сметаат дека е дозовлено да се пие алкохол, но во умерени количини.

Алкохолот не не целосно забранет, меѓутоа неговото внесување во организмот, наведуваат експертите, може да го намали имуниот одговор на коронавирусот.

Потпретседателката на Владата на Русија, Татјана Голикова, која е задолжена за здравствената заштите, прва изјави дека пиењето алкохол може негативно да влијае на развојот на имунитет против ковид-19.

Таа истакна дека треба да се ограничи употребата на алкохолот, меѓутоа голем број медиуми го споделија ваквиот совет проследен со зборовите „целосна забрана“.

Коронавирус