понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Случај кој го потресе светот: Одбила да танцува за пијани пријатели на сопругот, па ја претепал и ѝ ја избричил главата (ВИДЕО)

Случај кој го потресе светот: Одбила да танцува за пијани пријатели на сопругот, па ја претепал и ѝ ја избричил главата (ВИДЕО)

Маж е уапсен во Пакистан, бидејќи наводно ја мачел својата сопруга така што ја соблекол гола, ја тепал и ја избричил главата, бидејќи одбила да танцува за неговите пријатели. Случајот добил внимание од јавноста кога била објавена снимка од неговата сопруга прекриена со модрники на друштвените мрежи која се претставила како Асма Азиз и молела за помош.

Асма навела на снимката дека нејзиниот сопруг Миан Фаисал и неговите колеги збеснале бидејќи не сакала да танцува за нив. Таа тврди дека ја понижиле така што ја соблекле гола, и ја избричиле главата и ја тепале со цевки.

„Мојата облека беше крвава. Бев врзана и обесена на вентилатор. Ми се закануваше дека гола ќе ме обеси“, изјавила Асма која рекла дека Фаисал бил мил и полн со љубов кога се венчале пред 4 години, но дека неговото однесување почнало да се менува пред 6 месеци.

Мајката на 3-годишно дете вели дека почнал да ја тепа, а најчесто кога бил пијан.

На снимката која е објавена во средата на друштвените мрежи, жената објавила дека избегала од дома после нападот у успеала да дојде до полициската станица во која според нејзините зборив, одбиле да ја примат нејзината пријава бидејќи немала пари да плати мито.

Исто така, навела дека одбиле да ѝ овозможат лекување, барајќи прво да плати мито.

„Полицијата побара пари за преглед. Немав пари да им платам. Како и од каде да им платам?“, запрашала Азиз која сметала дека единствена можност ѝ е да ѝ се обрати на јавноста за помош, со оглед на тоа дека родителите ѝ се мртви и нема кому да се обрати.

Министерката за човекови права Ширин Мазари го видела видеото и напишала на Твитер дека нејзината канцеларија е известена за апсењето на двајца мажи – сопругот на Асма и неговиот вработен Рашид Алија.

Коронавирус