сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 79
home Вести

Словенија ја затвора границата кон Италија

Словенија ја затвора границата кон Италија

Словенија по примерот на Австрија, поради коронавирусот ја затвора границата кон соседна Италија, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Ова вечерва го најави премиерот во оставка Марјан Шарец. Границата се затвора за патнички возила, додека товарните и натаму ќе можат слободно да ја минуваат границата.

Владата ги повика сите словенечки граѓани кои се во Италија да се вратат дома, а ова посебно се однесува за тие што престојуваат во земјата туристички.

Претходно и Министерството за надворешни работи апелираше да не се патува во Италија, а властите забранија на аеродромот Брник да слетуваат авиони кои доаѓаат од кризните подрачја.

Коронавирус