сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Словенија ги отвора и малите гранични премини кон Хрватска

Словенија ги отвора и малите гранични премини кон Хрватска

Словенечкиот министер за внатрешни работи Алеш Хојс изјави дека Владата одлучила на 15 јуни да ги отвори и малите гранични премини кон соседна Хрватска.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, овие премини со месеци беа затворени поради епидемијата на коронавирусот, но со значителното подобрување на епидемиолошката слика во двете земји се создадоа услови и овие гранични точки да бидат отворени за граѓаните.

Малите премини ги користат најчесто жителите на пограничните села и градови, а границата е дозволено да ја поминуваат само граѓаните на Европската унија. Ваков режим на поминување на државната граница на овие места имаше и пандемијата.

Инаку, главните гранични премини меѓу двете земји сега нормално функционираат, но проблеми се регистрираат при товарниот сообраќај. Министерот Хојс изјави дека тие ќе го зајакнат персоналот на границата во обид да се намали времето на чекање за камионите. (МИА)

Коронавирус