вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 164
home Вести

Словенија до есен планира да вакцинира 90 отсто од граѓаните

Словенија до есен планира да вакцинира 90 отсто од граѓаните

Словенечката Влада ја забрзува кампањата за вакцинација против Ковид-19, така што центрите за имунизација ќе бидат отворени за сите заинтересирани граѓани од 8 до 22 часот.

Епидемиолозите предупредуваат дека доколку не се зголеми вакцинацијата, есенскиот бран поради дента варијантата може да биде и полош од оној од  минатата година.

-Ако сакаме да го избегнеме четвртиот бран на епидемијата и преполните болници, се препорачува сите постари од 40 години што е можно поскоро да бидат вакцинирани за да се заштитат од посериозна форма на болеста.

Пожелно е најмалку 90 проценти од возрасната популација да бидат вакцинирани, објави денеска научниот институт „Јожеф Штефан“, кој за владата дава епидемиски прогнози и ја промовира вакцинација.

Во Словенија досега се целосно вакцинирани 46 проценти од постарите од 18 години и 60 проценти од оние над 50 години, јави Хина.

Во последните 24 часа, во Словенија се потврдени 31 инфекција со коронавирус од 647 тестирани, има 1.103 активни случаи, а дневниот просек на инфекции на неделно ниво изнесува 87, соопшти словенечката Влада.  (МИА)

Коронавирус