понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Словенечкиот претседател не номинираше никого за состав на влада

Словенечкиот претседател не номинираше никого за состав на влада

Словенечкиот претседател Борут Пахор денеска го информираше Парламентот дека нема да номинира ниту еден кандидат за состав на влада, бидејќи ниту една партија не обезбедила мнозинство по изборите одржани на 3 јуни.

Во писмото упатено до претседателот на Парламентот Матеј Тонин, Пахор соопшти дека по консултациите со шефовите на пртатеничките групи, утврдил дека никој ги нема неопходните гласови за да може да формира влада.

На парламентарните избори победи Словенечката демократска партија на Јанез Јанша, кој не успеа да склучи коалициски договор со други партии.

Денеска измина законскиот рок од 30 дена за доделување на мандатот и поради тоа во писмото испратено до Тонин, Пахор бара од него да ги запознае парламентарците со ситуацијата. Според словенечкиот закон, Парламентот може да кандидира кандидати за премиер во следните 14 дена. Доколку и по вториот круг преговори ниту еден кандидат не обезбеди мнозинство, тогаш во текот на есента Словенија ќе треба да спроведе предвремени парламентарни избори.

МИА

Коронавирус