среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Словенечкиот министер за одбрана најави оставка 

Словенечкиот министер за одбрана најави оставка 

Словенечкиот министер за одбрана Карл Ерјавец најави дека ќе се повлече од функцијата откако претрпе пораз на изборите за претседател на Демократската партија на пензионерите (ДЕСУС), со која раководеше 16 години.

На синоќешниот вонреден конгрес на ДЕСУС актуелната министерка за земјоделство Александра Пивец доби 145 гласови, а за Ерјавец се изјасниле 80 делегати.

-Зошто би бил разочарам? Тоа е демократија. Довербата што ја очекував не ја добив, животот тече понатаму, истакна Ерјавец.

Тој потенцира дека повлекувањето од министерската функција не значи и дека ќе се повлече од политичкиот живот.

Ерјавец додаде дека ќе се повлече од функцијата набрзо односно по консултациите со словенечкиот премиер Марјан Шарец. (МИА)