понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 94
home Вести

Словачките власти прогласија вонредна состојба поради коронавирусот

Словачките власти прогласија вонредна состојба поради коронавирусот

Владата на Словачка прогласи вонредна состојба на територијата на цела земја, која стапува во сила од утре изутрина, изјави премиерот Петер Пелегрини.

– Целта на прогласувањето на вонредната состојба е да се создадат услови за преземање неопходни мерки за ограничување и намалување на ефектите од ширењето на коронавирусот, што е закана за јавното здравје во Републиката – се наведува во одлуката на Владата, која Пелегрини им ја соопшти на новинарите.

Документот, исто така се повикува на мерки, кои одделни државни органи и министерства треба да ги преземат за решавање на кризата во земјата.

Досега во Словачка се регистрирани десет случаи на заразени лица со новиот коронавирус.

Коронавирус