среда, 25. април 2018. Вести денес: 31
home Вести

Словачкиот министер за внатрешни работи поднесе оставка од функцијата

Словачкиот министер за внатрешни работи поднесе оставка од функцијата

Словачкиот министер за внатрешни работи Томаш Друкер денеска изјави дека поднесува оставка, само неколку недели откако ја презеде функцијата.

Тој својата оставка ја образложи со тоа дека не може да најде причина за да го разреши шефот на полицијата Тибор Гашпар.

Десетина илјади демонстранти вчера учествуваа во антивладините протести во Братислава, а побараа и истрага за убиството на словачкиот новинар Јан Куциак и неговата вереница. Протести се одржаа и во источниот дел на Словачка.

Демонстрантите побараа и оставка на шефот на полицијата Гашпар и претседавачот со Специјалното обвинителство за борба против корупцијата Душан Ковачик.

Протестите во Словачка почнаа по убиството на Куциак во февруари и резултираа со оставка на долгогодишниот прермиер Роберт Фицо и претходникот на Друкер, Роберт Калињак.

МИА