недела, 22. септември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Слонови подивеа на прослава во Шри Ланка, 17 луѓе повредени (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Слонови подивеа на прослава во Шри Ланка, 17 луѓе повредени (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Најмалку седумнаесет лица се повредени откако два слона подивеле на традиционална годишна прослава во Шри Ланка и почнале да трчаат низ насобраните луѓе, пренесува Би-би-си.

Слоновите биле дел од будистичка поворка која во саботата минувала низ градот Коте, кога одеднаш се вознемириле и почнале диво да трчаат низ толпата.

Сè уште не е утврдено што точно ги исплашило животните и зошто тие одеднаш почнале така да се однесуваат.