четврток, 22. април 2021. Вести денес: 51
home Вести

Следниот викенд Трамп ќе одржи говор на конференција на Републиканската партија

Следниот викенд Трамп ќе одржи говор на конференција на Републиканската партија

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе одржи говор на Конференцијата за конзервативна политичка акција во Орландо, Флорида следниот викенд, јавија американските медиуми.

Трамп ќе зборува за иднината на Републиканската партија и конзервативното движење, според информиран извор. Конференцијата ќе се одржи од 25 до 28 февруари, а говорот на Трамп е закажан за последниот ден.

Покрај Трамп, на конференцијата ќе учествуваат и други претставници на претходната претседателска администрација и неговите политички сојузници, вклучувајќи го и поранешниот државен секретар, Мајк Помпео.

Поранешниот претседател на САД се држеше вон фокусот на јавноста од крајот на неговиот мандат, но даде интервју по повод смртта на конзервативниот радио водител Раш Лимбо. (МИА)

Коронавирус