среда, 24. април 2019. Вести денес: 0
home Вести

Славниот велосипедист уапсен за напад врз проститутка

Славниот велосипедист уапсен за напад врз проститутка
epa06204471 Former German road bicycle racer Jan Ullrich is pictured after his trial at the Rathaus in Weinfelden, Switzerland, 14 September 2017. Jan Ullrich was involved in an accident with three cars near Mattwil, Switzerland, on 19 May 2014. EPA-EFE/GIAN EHRENZELLER

Поранешниот германски велосипедист Јан Урлих е уапсен за напад врз проститутка во луксузен хотел во Франкфурт.

Урлих, кој во 1997 година ја освои трката „Тур де Франс“ и има повеќе олимписки медали, се наоѓа во притвор, а според информациите од полицијата за време на инцидентот бил под дејство на алкохол и дрога.

Од полицијата соопштија дека двајцата прво вербално се расправале, а потоа 44-годишниот Урлих физички ја нападнал и ја повредил.

Тој неодамна беше уапсен и на Мајорка, откако на германскиот актер Тил Швајгер му се заканувал.

Урлих е единствениот Германец кој ја освоил трката „Тур де Франс“. Тој за германските медиуми неодамна изјави дека сопругата го напуштила, како и дека не ги видел трите сина неколку месеци.

МИА