четврток, 22. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

Славењето Божиќ во оваа земја е опасно по живот!

Славењето Божиќ во оваа земја е опасно по живот!

Луѓето во Северна Кореја можат да бидат затворани, измачувани или убиени само поради славење на Божиќ.

Дедо Мраз постои во фантазијата на децата, но за жителите на Северна Кореја тој не е ни фиктивна личност. Тамошната влада постојано работи на спречување на влез на какви било информации за Божиќ, поради што многу граѓани на Северна Кореја не знаат за тој празник.

Украсени елки може да се видат во Пјонгјанг, но тие се таму цела година и луѓето не се свесни за нивните значења.

Сепак, тоа не значи дека севернокорејската влада беше среќна со кулата во облик на елка, изградена од Јужна Кореја на границата, објави Индипендент.

И додека слевењето на Божиќ е забрането, роденденот на Ким Јонг Сук, починатата баба на Ким Јонг-ун не е. Нејзиниот роденден (24 декември) се одбележува со марш во севернокорејскиот град Хоерјонг во кој била родена.

– Луѓето таму се собираат и пијат алкохол, вели Канг Јимин.

Канг пораснал во Пјонгјанг и вели дека во Северна Кореја не знае ниту еден христијанин.

– Не познавам некој кој верува во Бога. Владата ги контролира сите медиуми и интернетот, а луѓето кои ги запознав не знаат кој е Исус, вели Канг, сега на возраст од 31 година, успел да побегне од Северна Кореја во 2007 година, на возраст од 20 години.

Коронавирус