недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 74
home Вести

Скотланд Јард: Неделниот инцидент во Солзбери не е сомнителен

Скотланд Јард: Неделниот инцидент во Солзбери не е сомнителен

Случајот со мажот и жената на кои во неделата им се слоши во еден ресторан во англискиот град Слозбери, во близина на местото каде беа затруени поранешниот руски шпион Сергеј Скрипл и неговата ќерка Јулија, не е сомнителен, соопшти вечерва британската полиција.

Во соопштението на Скотланд Јард се наведува дека 42-годишниот маж и 30-годишната жена, на кои им се слоши во еден италијански ресторан, „не биле изложени на никаков нервен агенс“.

По случајот со мажот и жената, полицијата во неделата го блокираше реонот околу ресторанот во Слозбери, а иследници во заштитна облека извршија увид на местото.

Британската полиција претходно соопшти дека нема докази за „поврзаност на агенсот „новичок“ со случајот“, но сепак спроведе детална истрага.

„Индепендент“ објави дека италијанскиот ресторан се наоѓал на неколку стотина метри од местото на кое затруените Сергеј и Јулија Скрипал беа најдени во бессознание, како и дека мажот и жената на кои им се слошило биле Руси, што ги поттиканало сомнежите дека станува збор за нов случај на труење.

Полицијата не ги соопшти имињата на мажот и жената, кои се уште се наоѓаат во болница.

За труењето на Скрипал и неговата ќерка, британските власти ја обвинија Москва, која од своја страна отфрла каква било поврзаност со случајот.

(Миа)

Коронавирус