сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 14
home Вести

Скоро четири милиони новозаразени со коронавирусот за една недела

Скоро четири милиони новозаразени со коронавирусот за една недела

Бројот на нови случаи на заразени со коронавирусот во светот во последната недела повторно се зголеми за речиси четири милиони, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Според СЗО, до 29 ноември во светот се регистрирани повеќе од 61.800. 000 случаи на Ковид-19. Во исто време, растот минатата недела беше малку помал од неделата претходно – 3.935.330 наспроти 4.060.891.

Бројот на пациенти кои починале од почетокот на пандемијата надмина 1,4 милиони. Повеќе од 69.000 луѓе починаа изминатата недела. Според СЗО, најголем пораст на смртни случаи минатата недела е регистриран во Северна и Јужна Америка.

Коронавирус