сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 131
home Вести

Скијачи загинаа во лавина на Алпите

Скијачи загинаа во лавина на Алпите

Двајца германски скијачи загинаа во лавина во западна Австрија, додека илјадници туристи за време на викендот, поради обемни снежни врнежи, останаа „заробени“ во големите скијачки центи во австриските Алпи.

Опасноста од лавина на повеќе планински подрачја во Австрија е означена како висока.

И покрај предупредувањата и ризиците, некои скијачи се упатиле надвор од скијачките стази, при што двајца германски скијачи го изгубија животот на планините на покраината Ворарлберг, западна Австрија.

Иако имале елеци на дување во случај на лавина за да можат да се одржат на површината на снегот, не успеале да се спасат.

МИА

Коронавирус