понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 121
home Вести

СКАНДАЛ ВО БРИСЕЛ: 25 мажи имале „ковид оргија“, меѓу нив европски дипломати и европратеник!

СКАНДАЛ ВО БРИСЕЛ: 25 мажи имале „ковид оргија“, меѓу нив европски дипломати и европратеник!

Бриселската полиција утрово соопшти дека открила и спречила „ковид оргија“ во кафуле во центарот на градот, помеѓу учесниците повеќе европски дипломати и еден европратеник, јави дописничката на МИА од Брисел.

Дваесет и пет лица учествувале во оргијата во кафуле близу полициската станица во центарот на градот, информираа властите.

Идентитетот на европските дипломати како и идентитетот на пратеникот од Европскиот Парламент не се откриваат од страна на полицијата, но познато е дека пратеникот се обидел да побегне кога влегла полицијата во објектот.

Според весникот ДХ, кој ја обелодени информацијата, полициски извор изјавил „налетавме на огромен генг бенг“.

Пронајдени се алкохол, дроги, а сите присутни се казнети.

Коронавирус