среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 136
Во живо

ВО ЖИВО: 31 година ВМРО-ДПМНЕ „Македонија за сите луѓе“

home Вести

Скандал ја тресе Британија! Главниот епидемиолог поднесе оставка по љубовна средба

Скандал ја тресе Британија! Главниот епидемиолог поднесе оставка по љубовна средба

Советникот на британската влада, епидемиологот Нил Фергусон, кој неодамна беше позитивен на Ковид-19, поднесе оставка откако ги прекршил правилата за изолација и се сретнал со својата девојка.

Како што пренесува британски Телеграф, професорот Фергусон, кој го советуваше премиерот Борис Џонсон да воведе карантински мерки и ги убедуваше граѓаните дека мора да се придржуваат кон строгите мерки за социјална изолација ѝ дозволил на својата љубовна партнерка, која инаку е во брак, да го посети во неговиот дом.

Во изјавата за оставката, водечкиот епидемиолог од лондонскиот Империјален колеџ рекол дека направил „грешка во проценката“.

„Прифаќам дека направив грешка во проценката и оти не сум во право. Затоа си поднесов оставка. Се однесував така, убеден дека сум здрав и имам имунитет. Откако се тестирав позитивно за вирусот, бев целосно изолиран скоро две недели. Длабоко жалам какво било поткопување на јасните пораки дека за да се контролира епидемијата е потребно физичко растојание. Владините упатства се недвосмислени и постојат за да нè заштитат сите нас“, изјавил Фергусон.

ЕУРО 2020

Македонија