среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 77
home Вести

„Скај њуз“: Британија го намалува персоналот во амбасадите во Техеран и во Багдад

„Скај њуз“: Британија го намалува персоналот во амбасадите во Техеран и во Багдад

Велика Британија го намали персоналот во амбасадите во Ирак и во Иран на минимум, по убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани во американски воздушен напад, јави „Скај њуз“, повикувајќи се на дипломатски извори.

Во извештајот се наведува дека повлекувањето на дипломатите е превентивна мерка и не е последица на заканите.

Амбасадорите Роб Макер во Техеран и Стивен Хикеј во Багдад ќе останат на своите места.

Портпаролот на Форин офисот изјави дека амбасадите во Багдад и Техеран остануваат отворени, но одби да ги коментира оперативните информации.