петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

СИТУАЦИЈАТА НАДВОР ОД КОНТРОЛА ВО МЕКСИКО: Нарко-картели ги напаѓаат полицијата и армијата со експлозивни дронови (ВИДЕО)

СИТУАЦИЈАТА НАДВОР ОД КОНТРОЛА ВО МЕКСИКО: Нарко-картели ги напаѓаат полицијата и армијата со експлозивни дронови (ВИДЕО)

Мексиканскиот министер за одбрана Луис Кресенсио Сандовал денес потврди дека припадници на нарко картелот ја нападнале полицијата и армијата во најмалку три земји со eксплозивни дронови.

Сандовал изјави дека картерот Халиско Новата генерација стои зад некои од тие напади, како и дека полицијата и армијата во државите Халиско, Гуанахуато и Микоасан биле под напад на картелот.

Тој оцени дека нападите со eксплозивни дронови се загрижувачки, но не толку ефикасни како што би сакале картелите, бидејќи, како што вели, малите авиони не можат да носат поголеми количини експлозив, пренесе Асошиејтед прес.

Полицијата во државата Микоасан објави дека во нападите на оваа недела биле повредени двајца полицајци, кои биле пуштени на домашно лекување откако им била пружена болничка помош, пренесува Танјуг.

Картелот Нова генерација од државата Халиско е во војна за надмоќ со картелот Ново семејство на Микоасана, познато како Вилаграси или Обединетите картели, а министерот Сандовал потврди дека ситуацијата во градот Агила е „надвор од контрола“.

ВИДЕОТО МЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Коронавирус