понеделник, 17. јуни 2019. Вести денес: 79
home Вести

Сите се молат детето да е живо: Момче (2) паднало во бунар длабок 100 метри!

Сите се молат детето да е живо: Момче (2) паднало во бунар длабок 100 метри!

Повеќе од 100 пожарникари-спасувачи и вработени во службата за вонредни ситуации во јужна Шпанија, денеска се во потрага по двегодишното дете кое во неделата паднало во тесен и длабок бунар.

Спасувачите не можат да влезат во бунарот, кој е широк едвај 25 сантиметри, а се верува дека е длабок повеќе од 100 метри, пренесува „АР“.

Денеска попладне спасувачите примениле три различни пристапи, за да допрат до дното на бунарот, а притоа да не ја оштетат неговата структура, ниту да го блокираат со земја или камења, соопштиле локалните власти.

Спасувачите наведуваат дека детето паднало во бунарот во неделата попладне, откако се оддалечило од родителите додека си играло во планинската област во близина на градот Тоаталана, североисточно од Малага.

Бунарот кој е премногу тесен за да може во него да влезе возрасен човек, бил ископан пред еден месец, додека се водело истражување за водата, а после тоа не бил покриен ниту заштитен, наведуваат локалните медиуми.

Локалната претставничка на шпанската влада, Марија Гамес, изјавила дека пожарникарите со помош на робот-камера, рано утрово пронашле кесичка со бомбони, која детето ја држело во рацете кога исчезнало. Кесичката е најдена на длабочина од 75 метри, а спасувачите не можеле да ја спуштат опремата пониско.

Портпаролот Бернандо Молто, за шпанската телевизија „TVE“ рекол дека ќе вложат напори и за употреба на модерна опрема, за да може бунарот да се прошири, додека истовремено ќе се ископа посебен тунел, за да може да се влезе во бунарот.