недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 54
home Вести

Сите полицајци во Акапулко разоружани поради сомнеж дека работеле за картелите

Сите полицајци во Акапулко разоружани поради сомнеж дека работеле за картелите
epa06479776 Ministerial police guard the area after an armed attack at a bar in the City of Cancun, Quintana Roo, Mexico, 27 January 2018. EPA-EFE/Alonso Cupul

Мексиканските власти ги разоружаа сите полицајци во градот Акапулко поради сомнеж дека во полицијата се инфилтрирале припадници на локалните наркокартели. Наредено е и апсење на двајца високи полициски команданти од Акапулко поради сомнеж дека учествувале во убиство.

– Постои сомнеж дека во полициските сили дејствуваат криминални групи и дека тоа доведе до целосна неактивност во борбата против криминалот, соопштија мексинските власти.

Како привремена мерка, во пристанишниот град познат по високата стапка на убиства ќе бидат распоредени војници и маринци, кои ќе се грижат за безбедноста. Досегашните полицајци, на кои им е одземено оружјето и опремата, ќе бидат сослушувани и ќе се испитуваат нивните евентуални криминални врски. (МИА)

Коронавирус