понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 5
home Вести

Сите му посакуваат смртна казна, но еве колку години затвор може да добие таткото-монструм од Хрватска

Сите му посакуваат смртна казна, но еве колку години затвор може да добие таткото-монструм од Хрватска

Таткото монструм, австриски државјанин кој живее и работи во Загреб, би можел да помине половина век во затвор доколку се докаже дека ги задавил своите три деца – близнаци, седумгодишни момче и девојче и четиригодишното момче.

Според хрватските медиуми, тој потоа се обидел да си го одземе животот. За жал во монструозниот обид да ги убие своите три деца, бил поуспешен од обидот да се самоубие.

Тој е осомничен за три точки од обвинението за тешко убиство. За кривично дело тешко убиство се казнува со максимална затворска казна од 40 години.

Бидејќи се работи за три тешки убиства, доколку вкупниот број на казни се повеќе од 40 години, може да се изречат вкупно 50 години затвор. Ова е и максималната можна затворска казна во Хрватска.

Цел Балкан е згрозен од оваа трагедија и на овој татко му посакуваат смртна казна.

Локални избори 2021