недела, 22. јули 2018. Вести денес: 60
home Вести

Сириските воени извори демантираат дека е извршен ракетен напад врз базата „Шајрат“

Сириските воени извори демантираат дека е извршен ракетен напад врз базата „Шајрат“

Сириски воени извори ги демантираат информациите дека е извршен ракетен напад против военовоздухопловната база Шајрат во провинцијата Хомс, јави агенцијата ДПА.

Изворите за агенцијата рекле дека сириската противракетна одбрана се активирала рано денеска, но се покажало дека тревогата е лажна.

Сириската државна агенција Сана претходно јави дека противракетната одбрана пресретнала некои од наводните проектили. Други медиуми  јавија дека биле неутрелизирани девет ракети. Таквите информации во сириската државна телевизија подоцна беа извадени од вестите.

Воздухопловната база Шајрат е истата која САД ја нападнаа минатата година како одговор на нападот со сарин на градот Хаин Шејхун кој е под контрола на бунтовниците.

МИА